Што се случува со Литванците? Пораз и од Германија

62

Трет меч и трет пораз за селекцијата на Литванија на ЕВРО 2022, на репрезентацијата која пред почетокот на првенството важеше за една од најголемите фаворити за највисок пласман.

Попладнево во „Ланксес Арената“ во Келн, Литванија беше поразена, и тоа во драматичен меч по две продолженија од домашната Германија со 107:109, која пак сега има три од три.

Двете селекции се менуваа во водството, иако Германците пропуштија уште во регуларниот дел да слават победа. Се замина во продолженија а таму домашните беа поуспешни и успеаја да победат. Ова беше еден од најдобрите мечеви во досегашниот дел од ЕВРО 2022.

Валанчиунас постигна 34 поени кај Литванија, додека кај Германците Вагнер со 32 поени беше најдобар поентер.

ПретходноЛестер закован на дното – потона и на гостувањето кај Брајтон (видео)
СледноХерта конечно ја впиша првата победа во Бундес лигата (видео)