Ќе биде „жешко“ во Штип, Брегалница против “НОВИОТ“ Шкупи!

344

 

Брегалница – Шкупи е една од најинтересните средби во денешното 6.коло во ПМФЛ,барем такви се очекувањата и најавите. Ова ќе биде дуел на две екипи кои сезонава не ги кријат високите амбиции. Брегалница можеше и подобро во првите пет кола, но ништо уште не е загубено, додека Шкупи доаѓа во Штип без Гоце Седлоски, стратегот кој во изминатите 16-17 месеци го водеше тимот. Седло е веќе историја за Чаир, а свое деби како В.Д. на клупата на шампионот ќе има Гокхан Бозкаја. Тоа е она што се случуваше кај Шкупи во изминатите неколку дека по онаа бламажа во средата на мечот со Победа.

Секако дека “сините“ сакаат да ја искористат оваа ситуација во Шкупи и денеска на свој терен да дојдат до победа.

Немања Шчекиќ, голманот на штипјани за денешниот натпревар посочува:

“Задачата нема да биде лесна.Играме против најдобриот тим во лигата. Шкупи располага со голем број кавлитетни играчи, јас очекувам тие да бидат дополнително мотивирани по киксот со Победа и после се она што се случи во нивниот клуб во изминатите денови. Свесни сме за тежината на овој натпревар, но ние сме подготвени да го дадеме својот максимум. Верувам дека и овојпат ќе дојде големата поддршка од трибините“ вели голманот на Брегалница.

ПретходноКако на видео-игра: Магија на Дончиќ, Лука лудило (ВИДЕО)
СледноЗвучи нереално: Роналдо има шанси да го напушти Јунајтед и да стане соиграч на Алиоски!