Велковски и официјално промовиран во Саудиска Арабија

325

Дарко Велковски и официјално денеска стана член на тимот на Ал Етифак од Саудиска Арабија. Репрезентативецот и досегашен член на Ријека, заминува на Блискиот Исток, по нова авантура, и почеток за кој верува дека ќе ја крене неговата кариера на уште повисоко ниво.

Цело лето Велковски одбиваше понуди, а ги имаше поприлично многу за да на крајот се одлучи за онаа која ќе му донесе сериозен финансиски бенефит, а од друга страна квалитетот на шампионатот кој се игра во С.Арабија ќе мора да го надополни со полна минутажа, и играње главна улога во неговиот нов клуб.

ПретходноАкадемија Пандев му кажа благодарам на Ѓорѓе Стојчев
СледноЕ.Пелистер 2 со пораз во Битола ја заврши европската авантура