Е.Пелистер испиша историја во СЕХА, со бронза се враќа во Битола!

483

Е.Пелистер испиша нова историска страница. По пласманот на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, македонскиот вицепрвак ја доби битката за третото место против Нексе (23-27) и го освои бронзениот медал во Задар.

Лесјак мечот го заврши со 11 одбрани, седум од нив во првото полувреме. Хосни со шест гола беше прв стрелец, Радовиќ имаше пет гола, Пешевски четири.

Битолчани лошо влегоа во првото полувреме, на стартот освен Урбан Лесјак кој беше фантастичен на голот, сите останати беа во бледа сенка. Токму затоа Нексе поведе со 5-3, по последните плус два (7-5), битолчани се разбудија, со серија од 3-0 поведоа со 7-9 во 22. минута. Мал пад во играта беше доволна причина за да противникот се врати, па пред крајот на првиот дел со серија од 3-0 на стартот на второто полувреме поведе со 14-12.

Лесјак со нова одбрана ги разбуди своите соиграчи, Танкоски и Радовиќ со два гола го вратија водството, 14-15 во 35. минута. Четири минути подоцна по израмнувањето на Нексе, македонскиот вицепрвак дојде на плус три 15-18 со головите на Танкоски, Пешевски и Хосни.

Момците од Битола не застанаа, Радовиќ ја продолжи во ист ритам за 17-21 во 44. минута. Ова беше период во кој избраниците на Тамше беа целосно изгубени, па Е.Пелистер знаеше како да казни.

Нексе остана со играч помалку, Костески ги постави највисоките 18-23 на истекот на 50. минута, две одбрани во овој период имаше Лесјак. Битолскиот тим не му дозволи на противникот да се врати целосно во мечот, иако со серија од два гола намали на 22-25 во 56. минута и не реализираше седмерец. Хосни постигна важен гол за 22-26 и стави печат на мечот, на другата страна хрватскиот тим немаше време, а беше и со играч помалку.

ПретходноПМФЛ: Чудесна е оваа Струга ТЛ, Ѓорѓиев го уништи Шкупи, трилер победа на Силекс, шок под Шара (ВИДЕО)
СледноИњаки го одигра 237. меч по ред, но Билбао загуби дома од Еспањол (видео)