Се чини на информациите поврзани со Кристијано Роналдо и неговата иднина им нема крај. Иако преодниот рок во најсилните европски лиги е завршен, сепак Португалецот би можел да го напушти Манчестер Јунајтед.
Од Турција доаѓа помалку неверојатна и нереална вест. Роналдо би можел да го облече дресот на Фенербахче за кого настапува македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски.
Ајанспор тврди дека двете страни се договориле за трансфер, па во следниот период ќе следи вистинска „бомба“ во Турција.
Засега на оваа информација сите гледаат со резерва, бидејќи не е првпат Турците да пласираат вакви шпекулации, истото пред скоро време, на крајот излезе дека трансферот пропаднал.
Од друга страна голема тежина има тврдењето на Тен Хаг, кој тврди дека Португалецот ќе остане и од него очекува во скоро време да се врати во препознатливата форма. Роналдо ги пропушти подготовките, па затоа не ја добива целата доверба.