Влатко Костов по денешниот пораз на Тиквеш во Кавадарци од Силекс со 3:2 си поднесе оставка на местото тренер на прволигашот од Кавадарци. Искусниот стратег поради лошите резултати на стартот на стартот од ПМФЛ шампионатот, денеска вели дека си заминува но од друга страна клубот ќе проба да го задржи.
Спортмедиа дознава дека Тиквеш ќе инсистира Костов да остане тренер, и дека во моментов веќе се разговара на темата. Доколку не се најде решение денеска, разговорите ќе продолжат и утре, а доколку Костов сепак остане на ставот дека сака да си замине ќе се бара решение што и како понатаму.