Столе и Рајо поразени во Памплона!

83

Втор пораз за Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано во изминатите четири кола во Ла Лига. Попладнево во Памплона, домашниот состав на Осасуна успеа со 2:1 да го победи составот на Рајо.

Димитриевски не беше виновен за двата гола, и на оваа средба беше солиден, но сепак неговиот тим го забележа вториот пораз едноподруго.

Осасуна во водство дојде во 54.минута со голот на Ороз. Леужен со одличен удар од слободен удар во 75.минута успеа да израмни на 1:1, но во 90.минута домашниот состав со голот на Гарсија успеа да дојде до победа и три бода.

ПретходноРедици за билети пред “Максимир“ за мечот Динамо – Челзи!
СледноЛевандовски го израмни рекордот кои го држеа Роналдо и Фалкао!