Чистка во Шкендија: Јонузи нов тренер, Харун Иса спортски директор, Ибраим Османи претседател!?

5891

Како што дознава „Спортмедиа“ се подготвува чистка во Шкендија, ако не е веќе и направена. Имено клубот ќе добие ново раководство, ќе добие и нов тренер.

Па така Скендер Јонузи ќе биде шеф на струката, додека Харун Иса ќе биде спортски директор, додека Ибраим Османи ќе ја добие претседателската функција. Се очекува ова во наредните два дена да се реализира, а во вторник и официјално да биде објавено.

Прашање е само што со Артим Шаќири, кој во изминатите месеци беше спортски директор и шеф на струката.

Секако дека денешното бледо издание против Македонија ЃП само ги забрза работите околу “чистката“ во Шкендија.

ПретходноСлавчо Георгиевски: Среќен сум, оваа победа многу ни значи, Скопје заслужено триумфира!
СледноЈунајтед го победи Арсенал – првенец на Антони, поништен гол на „топчиите“ по чудна одлука на судијата (видео)