Виктор Ангелов повторно во нападот на А.Пандев!

723

Иако минаа само два месеци откако Виктор Ангелов си замина од А. Пандев, некогашниот младински репрезентативец на Македонија, повторно се враќа во Струмица. Повторно ќе биде дел од нападот на „пандевци“.

Инаку тој во Струмица дојде зимскиот преоден рок, играше во пролетниот дел за “пандевци“ но на почетокот од летниот преоден рок си замина.

Станува збор за одличен напаѓач, кој има доволно искуство во себе за да ми помогне на нападот на А. Пандев.

Веројатно ова е желбата и на Александар Васоски, кој се очекува повторно да го преземе кормилото на тимот.

ПретходноГрција и без Јанис пресилна за В. Британија, Чешка ја победи Холандија!
СледноНасер Ал – Келаифи: Некои клубови должат 1,8 милијарди евра, тоа не е нормално!