Грција и без Јанис пресилна за В. Британија, Чешка ја победи Холандија!

76

Трет натпревар и трета победа за силната селекција на Грција, Овојпат против селекцијата на В. Британија и тоа со резултат 93:77. Можеби се очекуваше поубедлива победа на нашиот јужен сосед, можеби се очекуваше и атракција, но сето тоа изостана на паркетот во Арената во Милано, и поради фактот дека во тимот не беше Јанис Антетокунпо, немаше потреба да игра на голема жалост на фановите. Шанса добија оние кошаркари кои досега не беа во преден план. Но и без Јанис секако дека селекцијата на Грција беше пресилна за В. Британија.

Слукад кај Грците постигна 21 поен, додека Нелсон кај поразениот застана на 17 поени.

Ова беше меч од 3.коло во групата Ц.

Во групата Д, натпревари кои се играат во Прага, домашната селекција на Чешка успеа да слави над Холандија и тоа со резултат 88:80.

Ова беше дуел на две селекции кои во првите две кола немаа победа, па така Чесите денеска го остварија својот прв триумф на ова ЕВРО 2022.

ПретходноЌато Османи на клупата на Шкендија, Замир Дика е новиот претседател!
СледноВиктор Ангелов повторно во нападот на А.Пандев!