Ник Кирјиос продолжува со феноменални игри оваа сезона. По пласманот во финалето на Вимблдон, каде Ѓоковиќ сепак го спречи, го победи првиот носител и бранител на титулата на УС Опен, Данил Медведев со 7-6 (13-11), 3-6, 6-3, 6-2 и се пласираше во четвртфиналето.
Кирјиос беше поагресивен, побрз и попрецизен и често изгледаше посвежо и поодморено. По два часа и 53 минути успеа да ја забележи четвртата победа во петтиот меч против Русите и со тоа покажа дека е вистински кошмар за Медведев.
Во битката за полуфиналето ќе го има Карен Хачанов, кој го изненади двократниот полуфиналист и победник на Монтреал Пабло Карењ Буста со 4-6, 6-3, 6-1, 3-6, 6-3.
Овој пораз на Медведев значи дека тој од следниот понеделник сигурно нема да биде најдобриот тенисер во светот. Тоа ќе биде еден од тројцата играчи кои сега имаат шанса да стигнат до врвот на АТП листата – прв фаворит е Рафаел Надал, но Карлос Алкараз и Каспер Руд сепак можат да постигнат такво нешто.
Serving for the US Open quarterfinals, Nick Kyrgios delivered this. 🥶️@Heineken Serve of the Day | #USOpen pic.twitter.com/ONXF2fGqY7
— US Open Tennis (@usopen) September 5, 2022