Насер Ал – Келаифи: Некои клубови должат 1,8 милијарди евра, тоа не е нормално!

460

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал – Келаифи, како што самиот кажа, е загрижен поради фактот дека одредени клубови се соочуваат со големи загуби, некои со милински суми, а некои дури и со милијарди.

Некои клубови должат дури по 1,8 милијарди евра, тоа не е нормално, тоа е опасно, тоа е катастрофа за фудбалот како спорт. За среќа поради нашите потези ние немаме долгови. Да, секако дека и ние загубивме големи пари поради Ковид-19, како и другите клубови. Но ПСЖ нема што да крие“ посочи Ал – Келаифи.

Тој не заборави да каже нешто и за Суперлигата…

Вие ја нарекувате Суперлига, јас пак ја нарекуваме несуперлига. Фудбалот мора да се развива на таков начин како би се почитувале малите, средните и големите клубови. Секако и навивачите. Се чини дека некои не сакаат да постојат средни клубови“.

ПретходноВиктор Ангелов повторно во нападот на А.Пандев!
СледноВојдан му донесе победа на МЗТ Скопје против Арис во првата контрола!