Актуелниот европски првак го запиша првиот пораз на Европското првенство. По двете победи, Босна и Херцеговина вчера ја совлада Словенија со 97-93. И тука видовме „интересни“ моменти, како последниот тајм-аут на Словенците на кој Лука Дончиќ пцуеше и фрли шише потценувајќи го противникот.
Победата на Босанците не треба да изненади никого, бидејќи оваа репрезентација на Европското првенство не дојде „боса“, напротив има добар тим, кој може да урне секој преценет противник. Ова на своја кожа добро го почувствува Словенија.
По завршување на мечот, Горан Драгиќ даде кратка, но и изненадувачка изјава. Истата е двосмислена. Го посочи селекторот, Александар Секулиќ за главен виновник за одредени одлуки, а воедно најави дека проблемите во соблекувалната на Словенија доправа почнуваат.
На коментарот дека второто четвртина не играше многу и дали можеби има некоја причина како повреда, тој порача:
„Прашајте го селекторот“.
Оваа негова реакција отвори многу прашање, на кои сигурно нема да добие никој одговор.
Ne zgleda dobro tole… pic.twitter.com/X73HfkvERt
— Siki84 (@Siki841) September 4, 2022