ТИМ И ИГРАЧ НА 6.КОЛО: Шабани си поигруваше со “пандевци“

271

Шест од шест и максимални 18 бодови, тоа е скорот на Струга ТЛ досега во сезоната 2022/23. Перфекција, фантастичен резултат за тимот кој на теренот е предводен од капитенот, од искусниот Буњамин Шабани. Не само што ја “отвори“ А. Пандев вчера во Струмица, туку беше најдобар на теренот. И затоа е играч на 6.коло според “Спортмедиа“. Покрај него од тимот на Струга ТЛ тука се и голманот Ќосевски, потоа дефанзивецот Радич, па Мерџани, Ибраими. Вкупно петтмина.

Брегалница го победи Шкупи со двата гола на Ѓорѓиев, а Ристевски беше одлиќен во одбраната. Петровиќ постигна супер гол за Силекс против Тиквеш, а Љамалари му досена превсрт – триумф на тимот од Кратово. Кировски е стрелецот на победничкиот гол за Скопје.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БУЊАМИН ШАБАНИ

Тим: Струга Трим Лум

Роден: 30.01.1991 во Куманово

Кариера: Башкими, Милано, Оулон Пало (Финска), Скопје, Шкендија, Партизани (Албанија), Ренова, Шкупи, Ширак (Ерменија), Дрита (Косово), Струга ТЛ

ПретходноКФСМ го одржа редовното годишно Собрание
СледноСрбите се засилија: Милутинов пристигна на Евробаскетот 2022