Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години успеа да слави убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Кипар во рамките на првиот контролен дуел одигран помеѓу овие две селекции.
Македонија одигра квалитетен меч, во секој сегмент од играта беше подобра и сосема заслужено оствари убедлива победа.
Јехона Велиу во 20. минута го отвори резултатот. Ајна Исејни најпрво зголеми на 2:0 во 30. минута, а потоа со својот втор гол на денешната средба во 72. минута ги постави конечните 3:0.
Вториот контролен меч, Македонија и Кипар ќе го одиграат на 6. септември во 16.30 часот стадионот на ФК Турново, во Турново.
Македонија: Берна Кабакчи, Матеа Блажеска, Лора Сулејмани, Едина Сулејмани, Кристина Мојсоска, Миа Головска, Јехона Велиу, Ера Стеблева, Веса Села, Ајна Исејни, Симона Мејер;