„За Јокиќ велеа дека е дебел, не очекував дека ќе стигне до НБА“

330

Денеска имаме нова рунда на натпревари на Европското првенство. На програмата е вториот дел од третото коло, да се надеваме дека истото ќе заврши без инциденти, онаа слика од Тбилиси од која се чека целосна завршница нема да се повтори во следните денови.

Србија во својата група Д заедно со Израел ќе бараат нова победа за продолжување на префекцијата. Нов противник на избраниците на Светислав Пешиќ е селекцијата на Финска, која на првиот меч по продолжение беше совладана од Израел.

Сасу Салин, репрезентативецот на Финска добри ги познава дел од кошаркарите на Србија, исто и нивниот јазик, од 2010 до 2015 година настапуваше во АБА-лига, беше дел од тимот на Унион Олимпија, па научил од се по нешто.

Пред мечот даде интересен коментар.

„Ќе биде тешко против Србија, имаат неверојатен тим, играчи како Јокиќ, Мициќ и Лучиќ, можам да кажам дека сите се одлични“, изјави Салин, а потоа додаде:

„Секако дека имам играно против Недовиќ, Јокиќ, ги знам сите. Јокиќ беше многу талентиран кога играв против него. Беше голем, велеа дека е дебел, он тој само беше поспор од останатите. Секако не очекував да замине во НБА-лигата, но искрено многу сакам кога некој на луѓето ќе им докаже дека не се во право“.

Грција во групата Ц ќе игра против Велика Британија, ова треба да биде лесен меч за трета победа. Непоразената Украина пак ќе се сретне со Италија.

ДВОЈКИ 3. КОЛО

14:00 Полска – Израел

14:15 Хрватска – Естониј

17:00 В.Британија – Грција

17:30 Чешка – Холандија

21:00 Србија – Финска

21:00 Украина – Италија

ПретходноХаос на ЕП: Коркмаз тепан на пат кон соблекувалната, Турција може да го напушти турнирот!
СледноФИБА се огласи по хаосот во Келн: Литванците тврдат дека се ограбени, но жалбата им е одбиена!