Каланоски ќе биде нов фудбалер на Гостивар

620

28-годишното лево крило, Антонио Каланоски ќе биде нов фудбалер на второлигашот Гостивар. Откако пред извесен период ја раскина соработката со шампионот Шкупи, Каланоски се реши да се пресели во редовите на гостиварчани, кои се надеваат на битка за влез во елитата.

Каланоски во Шкупи дојде ова лето од екипата на Силекс, но не успеа да се избори за место во тимот. Гостивар имаше доста проблеми од почетокот на сезоната, но од клубот најуавија дека голем дел од работите се враќаат во нормала, а Каланоски ќе биде одлично засилување за нападот на тимот.

ПретходноСтрумица Н. во Лигата на шампионите ќе биде домаќин во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје
СледноКрстајиќ го објави списокот на Бугарија за мечот со Македонија во Скопје