Крстајиќ го објави списокот на Бугарија за мечот со Македонија во Скопје

257

Новиот селектор на бугарската фудбалска репрезентација Младен Крастајиќ ги објави имињата на повиканите играчи за претстојните натпревари од Лигата на нации кои Бугарија ќе ги одигра со Губралтар и Македонија. На 23 септември во Разград, Гибралтар и гостува на Бугарија, додека на 26 септември во 20:45 часот во Скопје нашиот источен сосед ќе одигра меч и со нашата фудбалска репрезентација.

Србинот на кормилото на Бугарија за овој двомеч се реши да го исклучи од ационалниот тим Ивајло Чочев, кој веќе има девет гола во сезоната во Бугарија и е најдобар стрелец, а го нема и досегашниот капитен и прв голман на репрезентацијата, искусниот Николај Михаилов.

Голмани: Даниел Наумов (ЦСКА 1948), Светослав Вуцов (Славија), Иван Дулгеров (Черно Море).

Одбрана: Валентин Антов (Монца), Петко Христов (Специја), Пламен Галабов (Макаби Нетања), Христијан Петров (ЦСКА-Софија), Виктор Попов (Черно Море), Иван Турицов (ЦСКА-Софија), Антон Недјалков (Лудогорец), Матео Стаматов (Оренбург).

Среден ред и напад: Илија Груев (Вердер), Иван Јорданов (Лудогорец), Јанис Карабелов (Кишварда), Филип Крастев (Левски), Илиан Стефанов (Левски), Никола Илиев (Интер), Марин Петков (Левски), Јоан Стојанов (Хапоел Бер Шева), Георги Русев (ЦСКА 1948), Кирил Десподов (Лудогорец), Радослав Кирилов (ЦСКА 1948) и Мартин Минчев (Спарта Прага).

ПретходноКаланоски ќе биде нов фудбалер на Гостивар
СледноШкендија и официјално се раздели со Артим Шаќири!!!