По одличните настапи на стартот на хрватското првенство, македонскиот фудбалер Агон Елези доби повик од селекторот Благоја Милевски за претстојните натпревари на репрезентацијата во Лигата на нациите.
Елези, кој е играч од средниот ред, даде два гола за Вараждин во победата со 2:1 над Горица, па Милевски реши да го повика во националниот тим. Македонската репрезентација на 23 и 26 септември ќе игра против Грузија и Бугарија во рамките на Лигата на нациите.
Елези, кој претходно играше за Скендербег од Албанија и за Шкупи, се уште нема настап за сениорите.