Немила сцена се случи на мечот во МЛС меѓу Њујорк Ред Бул и Филаделфија Јунион. Гостите водеа со 0:2, а домашниот фудбалер Дру Јервуд фрустриран од тоа што неговиот тим губи, неконтролирано и гневно ја шутна топката кон трибините. За несреќа таа заврши во една девојка која просто беше нокаутирана. Фудбалерот тргна кон девојката, се качи на трибината со цел да и се извини. Сепак не стигна до нејзе, нејзиниот дечко му посочи дека нема потреба и тогаш му го даде шалот од тимот за кој тој навива а фудбалерот игра.
Без разлика на се, Јервуд доби црвен картон, а раководството на клубот јавно се извини за инцидентот.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) September 4, 2022