Францускиот интернационалец Пол Погба може да го пропушти СП во Катар откако е одлучено да се оперира со цел да го реши проблемот со менискусот на коленото. Тој еден месец на конзервативен начин ја лекуваше повредата, се обиде да тренира, но коленото не може да издржи, па Французинот мора да се оперира.
За Погба следува нов период на рехабилитација, но постојат шанси тој да заздрави на време за да игра на Мундијалот во Катар кој почнува во ноември, секако доколку се оди по планот.
„Не сакам да навлегувам во детали ниту да се навраќам назад (на прашањето дали се залудно потрошени 30-тина дена за конзервативно лекување). Не знам дали ќе биде спремен за СП во Катар. Но проблем за Јувентус е што ќе можеме да сметаме на него дури во јануари“, изјави тренерот на Јувентус, Макс Алегри.