Полска го “преслуша“ Израел

60

Во натпревар од групата – Д,селекцијата на Полска со 85:76 успеа да го победи Израел и да стигне до втората победа во изминатите три кола на ЕВРО 2022. Со што ги зголеми шансите да се најде во следната фаза во ова ЕВРО 2022.

Во текот на целиот меч полските кошаркари беа подобри, подобро се снајдоа на паркетот во Арената во Прага и сосема заслужено убедливо го добија овој меч. Израел пак освен во втората четвртина, која ја доби со еден поен, едноставно не можеше ништо да стори против разиграните кошаркари на Полска. Покажаа Израелците “заби“ и во последната четвртина, но кога беше се готово.

Слоутер кај Полска постигна 24 поени, додека кај Зосман кај Израел имаше 18 поени.

ПретходноБукмејкерите го кажаа своето мислење: Кој е прв фаворит за освојување на ЛШ?
СледноХрватска со многу мака до победа против Естонија