Неверојатно, но тоа е. Ларса Пипен, некогашната жена на Скоти Пипен има нов дечко, а тоа е Маркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан. Ништо необично во овие времиња, необично е тоа што Мајкл и Скоти играа заедно во Чикаго Булс пред три децении и заедно освоија шест НБА шампионски прстени. Тоа беше тандем за незаборав. Познато е дека Мајкл надвор од паркетот воопшто не го мирисаше Скоти и само поради Мадона, која го одбра Пипен на времето, па еве нешто за задоволство кај Мајкл.
Инаку Маркус и Ларса биле видени заедно во Мајами и воопшто не се криеле, за да потоа таблоидите излезат со “своја приказна“. Не се знае на ова како реагирал Скоти, но секако дека не му е пријатно.
Инаку разликата во години е “само“ 17, и тоа во корист на Ларса, која има 48 години а Маркус само 31.