Србите ја „збришаа“ и Финска, Италија „заринка“ во финишот против Украина

153

Репрезентацијата на Србија ја впиша и третата победа во групата Д на Евробаскетот. Вечерва во Прага нашиот северен сосед ја демолира Финска со 100:70 и е на врвот на табелата со максимални шест бода по три кола.
Уште по првата четвртина Србите демонстрираа сила и ја најавија победата. Финска добро отвори во еден момент имаше и предност од 10:15, но набргу потоа потона. Србите направија пресврт поведоа со 33:22, а на крајот на првото полувреме резултатот го зголемија на 62:34.
Кај Србите шест кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Недовиќ и Мициќ постигнаа по 14 поени, Јокиќ и Калиниќ по 13, Лучиќ 12, а Гудуриќ 11. Кај Финците најефикасен беше Лаури Марканен со 18 поени.

Во групата Ц играа Италија и Украина. Украина успеа да победи со 84:73. Италијанците водеа во поголем дел од мечот, но во последната четвртина се влезе изедначено 57:57, а таму Украинците имаа одлична серија од 13:2 со што го „поплочија“ патот кон третата победа во групата.
За Украина најефикасен беше Сватослав Михалиук со 25 поени, а кај Италија 17 поени постигна Полонара.
Италија го впиша вториот пораз по неуспехот против Грција пред неколку дена.

Претходно„Биковите“ со гол на Влашиќ го победија Лече (видео)
СледноМилевски го повика Aгон Елези за претстојните мечеви во ЛН