Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги потврди термините и саатниците за натпреварите од првото квалификациско коло во најсилното клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Македонскиот шампион Струмица по подолга пауза се враќа на европската карта и токму во квалификациите во Лигата на шампионите каде за противник го доби холандски Динамо Апелдорн.
Првиот меч е закажан на 20 септемрви во салата „Омниспорт Центрум“ во Апелдорн и ќе се одигра со почеток во 19:30 часот. Реваншот како и што најавивме ќе се одигра во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ на 27 септември со почеток во 19 часот.
Иако струмичани сакаа да се престават во својта сала пред своја публика, сепак, поради некои технички пропусти на струмичката сала „Парк“, мораше да се преселат во Скопје и да ја пријават арената „Јане Сандански“ како место на кое ќе ја имаат улогата на домаќини на возвратниот меч со Холанѓаните.