ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)

194

Секоја чест на победата на Брегалница над Шкупи, за тоа што тимот на Илчо Ѓорѓиоски покажа на дуелот со шампионот, но “Спортмедиа“ одлучи за тренер на 6.коло да го прогласи Срѓан Захариевски. И зарем треба да се каже зошто. Ретко кога сме виделе еден тим од ПМФЛ така играчки да ја „уништи“ А.Пандев и тоа среде Струмица. Не е само поради тие 0:3 за Струга ТЛ, туку и поради фактот дека лидерот беше толку надмоќен што овој меч требаше да заврши 0:5 или 0:6. Токму и поради тоа тренерот Ѓорѓе Стојчев си поднесе оставка од клупата на А. Пандев.

А Срле си тера по старо, шест од шест, неговата Струга ТЛ победува кого ќе стигне…

ПретходноУ-15 Македонија со убедлива победа над Ерменија (5:1)!
СледноМанчестер Јунајтед се продава за 4,34 милијарди евра!