Ф1: Пропадна зделката меѓу Порше и Ред Бул?

110

Преговорите меѓу Ред Бул и Порше за влез на Германците во Формула 1 пропаднаа, објави германскиот сајт F1-insider, повикувајќи се на извори блиски до двете страни.

Уште пред март, бордот на директори на автомобилскиот гигант Volkswagen Group одобри учество на два од брендовите на групацијата (Ауди и Порше) во Формула 1. Ред Бул не негираа дека преговараат со Порше, но секој пат прецизираа дека се уште не постигнале договор. Меѓутоа, сега е многу поверојатно дека воопшто и нема да се постигне таков договор.

Се испостави дека Ред Бул и Порше не се согласуваат за голем број прашања. Порше требаше да купи 50% од Ред Бул Технолоџис, компанија која ги произведува Формула 1 болидите на Ред Бул. Но сега Ред Бул сака да задржи повеќе од 50% од акциите и, во пракса, Порше да биде малцински акционер.

Исто така, Ред Бул сака да има право на вето на секоја одлука донесена во компанијата, а Порше сака самите тие да ја одредат стратегијата за развој на компанијата. Како таква,  истата вклучува и избор на луѓе кои ќе го раководат тимот.

Според непотврдени гласини, Порше решиле да се насочат кон Мекларен, каде што Ауди веќе има неуспешен обид за купување на тимот.

ПретходноСрбите се засилија: Милутинов пристигна на Евробаскетот 2022
СледноПознати се добитниците на Државната награда “8 Септември“!