Хаос на ЕП: Коркмаз тепан на пат кон соблекувалната, Турција може да го напушти турнирот!

713

Иако до сега се одиграа три кола, последното ќе биде комплетирано денеска, сепак на Европското првенство кое се одржува во четири земји, стана вистински хаос по вчерашните мечеви.

По Лука Дончиќ кого го уловија камерите како пцуе на клупа и фрла шишиња потеценувајќи ја Босна, а потоа испрати и сочни пцовки до македонскиот судија Игор Митровски, драмата се префрли на дуелот меѓу Турција и Грузија.

Грузија ја совлада Турција по две продолженија со 88-83, по што Турците се заканија дека ќе го напуштат турнирот.

Во завршницата на мечот во Тбилиси се случи инцидент на паркетот, Коркмаз и Дуда сакаа да се тепаат. Но, истиот беше брзо спречен.

Според последните информации од турските медиуми Коркмаз бил претепан од страна на обезбедувањето и тројца кошаркари на Грузија, првиот човек на тамошната федерација, Омер Онан побарал снимки од безбедносните камери, доколку не ги добие ќе го напуштат ЕП.

„Кога Коркмаз беше исклучен, тој се упати кон соблекувалната со кондициониот тренер Ерен Хангун. Во тие моменти Битадѕе, Шенгелија и Синадѕе ги нападнале Фуркан и Ерен заедно со еден член на обезбедување. Тепачката ескалирала откако Ерен се обидел да го одбрани Фуркан од четири лица“, напиша на Твитер турскиот новинар Ислаил Шенол.

На 20-тина секунди пред крајот на второто продолжение, збесна и селекторот на турската репрезентација Ергин Атаман, кој им се пушти на судиите и доби исклучувачка грешка.

ПретходноКирјос го елиминираше бранителот: УС Опен добива нов шампион, АТП нов владател!
Следно„За Јокиќ велеа дека е дебел, не очекував дека ќе стигне до НБА“