Хаос на УС Опен: Медведев му се закануваше на судијата дека ќе го напушти мечот

431

Данил Медведев е елиминиран во осминафиналето на УС Опен. Рускиот тенисер беше совладан од Ник Кирјос со 1-3 во сетови и не само што нема да ја брани титулата, тој од понеделник ќе падне од првото место на АТП листата.

Рускиот тенисер на почетокот на вториот сет му се закануваше на судијата дека ќе го напушти мечот.

Тој го загуби првиот сервис, по што противникот побара пауза за да оди во тоалет. Медведев вербално го нападна судијата.

„Тие не можат да го прават тоа. Ако го направат тоа по вторпат, нема да играм додека некој не излезе. Постојано го прават на мој сервис. Уште еднаш, ако ми го направат тоа на сервис, нема да играм повеќе“, му порача Медведев, но не било јасно што точно е во прашање, пренесува Британски „Експрес“.

Се претпоставува дека на Русинот му пречело бучавата во одредени моменти поради што бил вознемирен на теренот. Можно е и да се работи за испраќање совети за Кирјиос, но се уште останува непознато што точно се случило.

ПретходноБосанците се хит: Му се јавија на Халид Бешлиќ, заедно пееја (ВИДЕО)
СледноЖенската репрезентација на Македонија У19 славеше убедливо против Кипар