Челзи го прави Џејмс најплатениот дефанзивец во историјата на клубот

201

Одличниот млад крилен бек на Челзи, Рис Џејмс е на прагот да потпише нов договор со лондончани вреден најмалку 250.000 евра неделно.

Преговорите на лондонскиот клуб за подобрен договор со Рис завршија успешно, а 22-годишниот фудбалер наскоро ќе го стави потписот на изготвениот договор. Договорот ќе биде петгодишен и ќе го направи Џејмс најплатениот дефанзивец во историјата на Челзи.

Десниот бек стана главен столб во играта на „сините“ откако го направи својот пробив во првиот тим во сезоната 2019/2020. Минатата сезона тој играше на 39 натпревари, постигнувајќи шест гола и реализирајќи 11 асистенции.

ПретходноВасоски е на чекор до враќање на клупата на Академија Пандев
СледноСтрумица Н. во Лигата на шампионите ќе биде домаќин во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје