Шкендија и официјално се раздели со Артим Шаќири!!!

1307

Артим Шаќири, нашата фудбалска легенда не е веќе тренер на Шкендија, не е веќе ниту спортски директор на клубот. Ова „Спортмедиа“ го дознава од најсигурни извори и со заврши ерата на Шаќири во нашиот најбогат клуб во моментов.

Да потсетиме дека вчера “Спортмедиа“ излезе со имформација дека во клубот од Тетово се спрема поставување на ново раководство, нов тренер и нов спортски директор.Секако дека разделбата со Шаќири по ова беше и очекувана.

Како што велат нашите информации се чека Шкендија и официјално оваа вест да ја објави во текот на денот, а до назначување на нов тренер со екипата ќе работат досегашните помошници на Шаќири.

Како што и напоменавме вчера, прв пик за тренер е Скендер Јонузи. Се очекува новото раководство на Шкендија да го назначи Јонузи за шеф на струката, а со тоа секако и да ја презема одговорноста на резултатите на тимот во наредниот период.

ПретходноКрстајиќ го објави списокот на Бугарија за мечот со Македонија во Скопје
СледноЛембанов: Матлиевски добро не познава, но се зависи од нас