Букмејкерите го кажаа своето мислење: Кој е прв фаворит за освојување на ЛШ?

269

Утре стартува новото издание на Лигата на шампионите на УЕФА. Според анализите на обложувалниците, кои неретко се блиску до вистината, Баерн Минхен е фаворит за освојување на најголемото натпреварување во европскиот фудбал.

Според букмејкерите, Баерн има 20% шанси да ја освои Лигата на шампионите. Манчестер Сити е втор фаворит со шанси од 18%, дедека трет на листата на фаворити е ПСЖ кој има 16% шанси да дојде до пехарот од најквалитетното клупско натпреварување.

Вицешампионот Ливерпул е четврти на листата на фаворити според обложувалниците со 10% шанси за европска круна, а бранителот на титулата Реал (М) има само 6% шанси да го повтори успехот од лани.

ПретходноНа косовското дерби: Тепачки со ножеви, прободени навивачи на Балкани (ВИДЕО)
СледноПолска го “преслуша“ Израел