КОМЕНТАР НА 6.КОЛО: Откази и оставки…Стојчев, Шаќири, Костов, а и Седло претходно!

1831

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Така е тоа во фудбалот. “Тренерска сеча“, два откази и една оставка. И тоа само во едно коло или по завршувањето на 6.коло вчера попладне.

Гоце Седлоски кој се раздели со Шкупи пред неколку дена е веќе “заборавена приказна“.

Ѓорѓе Стојчев (А. Пандев) си даде оставка или е сменет, сеедно. Потоа Влатко Костов (Тиквеш) си даде оставка, па Артим Шаќири (Шкендија) е сменет.

Интересно, ако се земе тука и заминувањето на Гоце Седлоски од Шкупи, освен Тиквеш, тренерска смена ќе има во трите клуба кои пред стартот на сезоната важеа за најголеми кандидати за титулата.

Сега “математиките“ се во игра.

Каде ќе оди Александар Васоски? Најново е тоа што тој веројатно се враќа во Струмица. Ќато се враќа во Шкендија, Тиквеш го моли Влатко да не си оди, а на Чаир се чека. Што ли се чека?

Јасно е дека Гокхан Бозкаја е само привремено решение.

Вчера вечерта во разговор со едни фудбалски пријатели беше кажано дека ова никогаш не се случило во мак – фудбалот. За само 4-5 дена да има дури четири тренерски смени, а по едно коло дури три во ПМФЛ.

И покрај убавата тема за медиумите, а тоа се тренерските смени, на која има да пишуваш и да се заборавиш, грев е да не се споменем барем во една реченица перфекцијата на Струга ТЛ.

Шест меча и шест победи. Ако дома беше очекувано да се слави над Победа, Работнички и Силекс, тогаш погледнете само каде тимот на Срѓан Захариевски победи на гости. Прво кај Брегалница, потоа кај Шкендија и вчера кај А. Пандев и замислете, без ниту еден примен гол.

Па, зарем не е перфекција?

ПретходноВојдан му донесе победа на МЗТ Скопје против Арис во првата контрола!
СледноИ тоа се случи – Аталанта прв пат во историјата е лидер во Серија А