Пролет едвај го урна „жилавиот“ Голден Арт

76

Во вториот меч од првото коло од групата Б, Пролет го совлада Голден Арт со 23-27 (13-14). Повратинот во Супер-лигата се покажа како жилав противник, одигра одлично во првото полувреме, поведе со 2-1, постојано му создаваше проблеми на гостинскиот состав, не дозволи дуелот да отиде во поинаков правец. Добро функционираше и Даскаловски, имаше значајни одбрани. На одморот Пролет имаше минимални 10-11.

Изедначената битка и тврдиот меч проследен со бројни технички грешки продолжи и понатаму, со стоа што гостите искористија момент на слабост во редовите на Голден Арт, со серија од 3-0 поведоа со 17-20 во 42 минута. Не се предаваше домќинот се обидуваше да приреди пресврт, но тешко одеше како одминуваа минутите. Пролет на помалку од седум миниту до крајот поведе со 20-24 и зачекори кон првата победа.

Јагуриноски со шест гола беше прв стрелец кај победникот, по пет имаа Палевски и Андоновски, Петковски запиша 13. На другата страна Шилегов и Мицев имаа по шест гола.

ПретходноИ тоа се случи – Аталанта прв пат во историјата е лидер во Серија А
СледноГрујоски ќе им суди на Тиквеш и Шкупи, меч кој се игра в среда!