Синот на Џордан ја “смува“ бившата жена на Пипен! (ФОТО)

832

Неверојатно, но тоа е. Ларса Пипен, некогашната жена на Скоти Пипен има нов дечко, а тоа е Маркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан. Ништо необично во овие времиња, необично е тоа што Мајкл и Скоти играа заедно во Чикаго Булс пред три децении и заедно освоија шест НБА шампионски прстени. Тоа беше тандем за незаборав. Познато е дека Мајкл надвор од паркетот воопшто не го мирисаше Скоти и само поради Мадона, која го одбра Пипен на времето, па еве нешто за задоволство кај Мајкл.

My Mixtapez on Twitter: "Larsa Pippen & Michael Jordan's son Marcus trend after they were spotted on an alleged date https://t.co/pGTCBceT5r" / Twitter

Инаку Маркус и Ларса биле видени заедно во Мајами и воопшто не се криеле, за да потоа таблоидите излезат со “своја приказна“. Не се знае на ова како реагирал Скоти, но секако дека не му е пријатно.

Инаку разликата во години е “само“ 17, и тоа во корист на Ларса, која има 48 години а Маркус само 31.

ПретходноУште еден Аргентинец во Академија Пандев
Следно„Биковите“ со гол на Влашиќ го победија Лече (видео)