Попладнево на стадионот во скопската населба Ѓорче Петров, во пријателски натпревар, нашата женска селекција до 17 години, успеа да ја победи соодветната селекција на Романија по подобро изведување на пеналите. Инаку резултатот во регуларниот дел беше 3:3, додека на полувреме резултатиот беше 1:1.
Ова беше уште една убава контрола за селекторката Катерина Милеска да има увид со квалитетот на своите избранички.