ФИБА се огласи по хаосот во Келн: Литванците тврдат дека се ограбени, но жалбата им е одбиена!

264

Целосен хаос настана вчера на Европското првенство, кулминираше со пресметката меѓу Грузија и Турција, по која турската федерација се закани дека ќе го напушти шампионатот доколку се потврди дека навистина имало инцидент на патот кон соблекувалната.

Пред оваа средба во Келн беше исто така вистинска драма. Литванија беше совладана од Германија во драматична завршница, во која Литванците тврдат дека биле ограбени, не им било доделено клучно слободно фрлања. На крајот поднесоа жалба, но истата беше одбиена, а ФИБА се огласи и зошто.

Литванците задоцниле со поднесување на жалбата која е дадена после повеќе од 60 минути по завршување на мечот.

„По завршување на натпреварот, репрезентацијата на Литванија донесе жалба поради недосудено слободно фрлање по техниќката грешка доделена на Германија на 1:26 до крајот на третата четвртина. Судијата смета дека истата не важи бидејќи е поднесена надвор од предбидениот рок, поточно 60 минути после завршување на мечот“, соопштија од ФИБА.

Претходно„За Јокиќ велеа дека е дебел, не очекував дека ќе стигне до НБА“
Следно„Пукна тиквата“ во Словенија: Драгиќ удри по селекторот? (ВИДЕО)