Хрватска со многу мака до победа против Естонија

63

Селекцијата на Хрватска ја забележа својата втора победа на ова ЕВРО 2022. “Коцкестите“ во Милано, успеаја, иако со многу мака, да дојдат до триумф над Естонија и тоа со резултат 73:70.

Во текот на целиот натпревар Хрватска имаше водство, но тоа беше премалку за да влезе во последната четвртина да влесе полабаво. Естонците се разиграа, постојано резултатски беа закана за Хрватска. Во последните минути драма, имаа Естонциите шанса барем за израмнување, но сепак премногу беа лоши во изведувањето на слободните фрлања. На крајот имаа и шут за израмнување, но сепај Хрватска со многу среќа успеа да дојде триумф.

Инаку ова беше натпревар од групата -Ц, која се игра во Милано како што веќе напоменавме.

Најдобар поентер на мечот беше Вене со 18 поени кај Естонија, додека Матковиќ кај Хрватска постигна 17 поени.

ПретходноПолска го “преслуша“ Израел
СледноКФСМ го одржа редовното годишно Собрание