Ќато Османи на клупата на Шкендија, Замир Дика е новиот претседател!

2444

На радост на фановите на Шкендија, Ќатип Османи се враќа во клубот на кого му донесе три шампионски титули. Ова е најновата одлука на челниците на клубот, односно на новото раководство. Имено сега претседател на Шкендија ќе биде Замир Дика.

Ова доаѓа откако денеска Шкендија и официјално “раскина“ со Артим Шаќири, човекот кој што во изминатиот период беше тренер, но и спортски директор на клубот.

Фановите на еден од нашите најголеми и најпопуларни клубови оваа вест ќе ја прифатат со задоволство, посебно ако се знае дека тие не беа задоволни со тоа како клубот беше раководен од досегашниот претседател Бесник Ибраими.

ПретходноУ-17: Женската селекција на Македонија ја победи Романија по изведување на пенали! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГрција и без Јанис пресилна за В. Британија, Чешка ја победи Холандија!