Екипата на Барселона денеска и официјално ги претстаци Хектор Белерин и Маркос Алонсо како нови членови на тимот од Ноу Камп.
Во последните часови од овогодинешниот летен преоден рок, екипата на Барселона успеа да ги договори и доведе двата играчи кои се се исклучително големо искуство во Премиер лигата и кои ќе го подигнат нивото на тимот на уште повисоко ниво.
Барселона полека но сигурно ислегува од кризата која го зафати тимот во изминатиот период и сезонава планира активно да учевствува во трката за титулата на сите фронтови.