По 8 месеци, Александар Васоски се враќа на кормилото на Академија Пандев. Како што најавивме вчера, тој имаше неколку понуди од домашни и странски екипи, но синоќа се договорил со раководството на Академија Пандев и се враќа на местото на кое беше пред заминувањето за Сараево.
Популарниот „тетовче“ од утре ја презема екипата, а веќе в недела ќе ги предводи струмичани на мечот со Тиквеш.
Академија Пандев во новата сезона од домашното првенство оствари две победи на шест досегашни одиграни мечеви.