Една од најголемите ѕвезди на Евробаскетот 2022, Словенецот Лука Дончиќ, отворено го кажа своето мислење за судењето на европското првенство.
„Мислам дека можете да видите сами. Грешка со времето на мечот со Турција, техничка грешка на мечот со Литванија… Многу грешки. ФИБА треба да направи нешто околу ова. Немам што да кажам повеќе“, изјави Дончиќ.
Словенија и Дончиќ лично имаа негодувања и за судењето на мечот со Босна и Херцеговина.