Манчестер Јунајтед го објави списокот на играчи со кои ќе настапува оваа сезона во УЕФА Лигата на Европа.
Во него беше вклучен и напаѓачот Кристијано Роналдо, кој последен пат играше во Лигата на Европа во сезоната 2002/03. Тогаш турнирот се викаше Куп на УЕФА, а Португалецот играше за Спортинг.
Тимот кој тренерот Тен Хаг го пријави за ЛЕ е следниот:
Голмани: Давид Де Хеа , Мартин Дубравка, Том Хитон
Дефанзивци: Диого Далот, Виктор Линделоф, Хари Мегваер, Тајрел Маласија, Лисандро Мартинез, Лук Шо, Аксел Туанзебе, Рафаел Варан, Арон Ван-Бисака
Среден ред: Касемиро, Кристијан Ериксен, Бруно Фернандес, Фред, Скот Мектоминај, Факундо Пелистри, Џејдон Санчо , Дони ван де Бек;
Напаѓачи: Ентони, Алехандро Гарначо, Ентони Марсијал, Маркус Рашфорд, Кристијано Роналдо.
Во групната фаза од Лигата на Европа, Манчестер Јунајтед ќе игра со Омонија, Шериф и Реал Сосиедад.