Ентони Џошуа ја прифати поканата на Тајсон Фјури да боксуваат за титулата во ВБЦ.
Фјури објави видео на своите социјални мрежи каде му нуди можност на својот сонародник да се бори за титулата во ВБЦ верзијата.
„Ентони Џошуа, знам дека штотуку изгуби во борбата од Усик, и знам дека сега немаше појас, па би сакал да ти понудам можност да се бориш со мене за шампион во тешка категорија на ВБЦ“, вели Фјури во видеото.
Во меѓувреме, Џошуа му одговори на Фјури на Твитер, велејќи му дека се согласува да се бори со него ако е сериозен.
„Да, смири се. Не правам онлајн дискусии само за влијание, но ако сие дораснат, тогаш разговарај со агентот. Ќе бидам подготвен во декември“, му одговорил Џошуа.