Бостон Селтикс размислуваат да го ангажираат слободниот агент, Кармело Ентони, по веста за повредата на Данило Галинари.
Според локалните медиуми, двете страни покажуваат заеднички интерес за потпишување на договорот.
„Преговорите почнуваат да добиваат на интензитет. Ентони е веројатно најдобриот избор на пазарот. Тој ја докажа својата моќ и покрај неговата возраст“, пишува колумнистот Гери Вошбурн.
Галинари заработи кинење на вкрстените лигаменти на коленото и ризикува да ја пропушти целата сезона 22/23. Ентони (38) се уште е слободен агент, откако минатата сезона со Лејкерси имаше просек од 13,3 поени и 4,2 скока по натпревар.