Леао бара од Милан да му ги плати долговите кон Спортинг, па потоа ќе потпише нов договор

499

Милан веднаш почна да работи на продолжување на договорот со Рафаел Леао. Клубот е во преговори со претставниците на играчот за потпишување на нов договор до 2027 година, тврди весникот „Газета дело Спорт“. Иако страните не постигнале напредок во преговорите подолго време, следните недели може да бидат клучни за да се знае дали сега е вистинско време за финални разговори.

Италијанскиот клуб има намера да го продолжи договорот со Леао до следниот летен преоден рок. Од опкружувањето на играчот очекуваат Милан да му плати на Спортинг околу 9 милиони евра како отштета за спорната ситуација кога Португалецот се пресели во Лил. Спортскиот арбитражен суд му наложи на напаѓачот да му плати на португалскиот клуб 16,5 милиони евра за еднострано раскинување на договорот.

Агентот Жорге Мендеш побарал од Милан платата на Леао да порасне на 7 милиони евра по сезона, чисти пари. Актуелниот договор на Леао со Милан е до 2024 година.

ПретходноВасоски ја прифати понудата и се враќа на клупата на Академија Пандев
СледноОва е вистинскиот Тер Штеген: Германецот има 90% одбранети удари од почетокот на сезоната