ЛШ: Адеми и Ристовски го шокираа Челзи (видео)

165

Динамо Загреб со победа ја почна новата сезона во групната фаза од ЛШ. На „Максимир“ е совладан англискиот гигант Челзи со 1:0 со фантастичниот гол на Мислав Оршиќ во 13. минута. „Модрите“ за кои од првата минута играа Аријан Адеми и Стефан Ристовски добро му парираше на Челзи во шансите за гол иако не беше надмоќен во поседот на топката.
Сепак, создаваше шанси и на крајот победи. Инаку ова е прво соочување меѓу хрватскиот шампион и поранешниот европски првак.
Во групата Г, Борусија Дортмунд со 3:0 го совлада Копенхаген. Марко Ројс и Рафаел Гереиро погодија во првото полувреме, а во 83. минута Џуд Белингам го постави конечниот резултат. Ова е трет меч меѓу овие два тима во историјата и Борусија победила на сите три.

FOTO>twitter.com/gnkdinamo

Оршиќ го претрча половина терен и го шокираше Челзи (ВИДЕО)

ПретходноЈагуриновски: Голен Арт пријатно ме изненади, но ние си ја завршивме нашата задача!
СледноСензација на ЕП: Бугарија ја „растури“ Грузија среде Тбилиси!