„Новиот Меси“ тренира со првиот тим на Барселона на 15. години (ВИДЕО)

3042

Тимот на Барселона е познат по својот начина и стил на работа, со негување на талентите во својата позната младинска школа „Ла Масија“ и форсирање на истите во првиот тим. Многу е пишувано за имињата кои се излезени од неа, а кои прераснаа во светски фудбалски звезди, а на повидок е очигледно уште една.

Тренерот на Барселона, Чави, последните неколку дена на тренинзите со првата екипа го сврсти и 15. годишниот Ламин Џамал. Момчето кое ги има карактеристиките на Лионел Меси односно игра по таа странична десна крилна позиција.

Иако Џамал во јули наполни 15 години тој веќе има настапи за У19 тимот на Барселона и е сметан за сериозен потенцијал.

Сепак, како што во својата анализа го прави тоа светки реномираниот „The Sport“ од 2010 година  дури 175 млади фудбалери биле сметани за „нов Меси“, а 90 за „нов Кристијано Роналдо“. Дел од нив ги исполнија очекувањата, секако не на ниво на Меси и Роналдо, а дел потонаа во заборав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lamine Yamal (@lamineyamal)

ПретходноБарселона ги претстави Белерин и Алонсо
СледноТурција заборави на проблемите, убедливо ја совлада Белгија и веќе гледа кон Топ16