Голманот Марк-Андре тер Штеген е тивкиот херој на Барселона на почетокот на сезоната. Германецот се врати во форма откако беше исмеан за перформансите минатата година. Малкумина тогаш очекуваа дека голманот ќе биде еден од предводниците на новиот каталонски тим.
Шпанските медиуми не заборавија да ја истакнат импресивната статистика на германскиот голман, кој досега одбрани дури 12 од вкупно 13-те удари упатени кон неговиот гол на сите натпревари на Каталонците. Тоа значи над дека Тер Штеген имал 90% ефективност во своите интервенции. Тер Штеген прими единствено гол против Реал Сосиедад.
„Големиот тер Штеген се врати. Тој игра клучна улога во стартните единаесет и му носи бодови на тимот“, се вели во една од анализите на играта на Барселона во шпанските медиуми.
Медиумите исто така истакнуваат дека тер Штеген на последниот натпревар беше петти најдобар додавач во Барселона, а имаше и неколку пресечени топки.