Професорот доктор, Замир Дика предмалку и официјално беше претставен како нов претседател на фудбалскиот клуб Шкендија. Тој е поставен како нов прв човек на неколкукратниот шампион на Македонија во реконструкцијата на раководните структури на клубот од Тетово.
Од друга страна, легендата на Шкендија и на фудбалот во Тетово, Харун Иса е назначен за нов спортски директор. Покрај Иса, во тимот кој ќе биде задолжен за фудбалскиот дел од управата назначени се и Ибрахим Османи и Скендер Јонузи.
Комплетирањето на новото раководство на клубот го сочинуваат следните истакнати членови на Шкендија.
Валдрин Илази е член на управниот одбор на клубот. Дритан Муслиу ќе биде задолжен за оперативни активности и ќе се занимава со организација на логистичкиот дел, задача која успешно ја извршува со години откако Еколог го спонзорираше клубот. Ерблир Лума ја продолжува својата заложба како организациски секретар и одговорен за административните прашања на фудбалерите.